Година на ниска ликвидност и мал промет

Bez autora
Dec 28 2014

Берзанските движења во 2014 година не се разликуваат многу во однос на претходните години. Ниска ликвидност на акциите, мал обем на тргување и мал промет се основните карактеристики на берзата во 2014 година. Сето ова придонесува да немаме длабочина на пазарот на хартии од вредност и поголеми остварувања во прометот на акции и обврзници. Има неусогласеност на понудата и побарувачката на акции, односно во квантитет побарувачката е постојано ниска и придонесува за малиот обем на тргување и прометот на берзата, а во исто време и придонесува за депресијацијата на цените на акциите на акционерските друштва. Анализите на движењата на пазарните цени на акциите во корелација со книговодствените и со номиналните вредности на акциите покажуваат кај некои акции сооднос од 1:2. Ваквите движења се последица на отсуство на домашни инвеститори, но и на странски инвеститори на пазарот на капитал.

Година на ниска ликвидност и мал прометБерзанските движења во 2014 година не се разликуваат многу во однос на претходните години. Ниска ликвидност на акциите, мал обем на тргување и мал промет се основните карактеристики на берзата во 2014 година. Сето ова придонесува да немаме длабочина на пазарот на хартии од вредност и поголеми остварувања во прометот на акции и обврзници.

Има неусогласеност на понудата и побарувачката на акции, односно во квантитет побарувачката е постојано ниска и придонесува за малиот обем на тргување и прометот на берзата, а во исто време и придонесува за депресијацијата на цените на акциите на акционерските друштва. Анализите на движењата на пазарните цени на акциите во корелација со книговодствените и со номиналните вредности на акциите покажуваат кај некои акции сооднос од 1:2. Ваквите движења се последица на отсуство на домашни инвеститори, но и на странски инвеститори на пазарот на капитал.

Ваквите состојби не ги засегаат постојните акционерски друштва што котираат на берзата поради тоа што на директен или индиректен начин раководните структури ја имаат контролата во друштвата и оваа статус-кво состојба е во нивни интерес. Акционерските друштва на Македонската берза на хартии од вредност се од времето на транзицијата и дел од нив ја имаат концентрирано контролата во друштвата, односно, како што постојано потенцирам, мнозинските акционери и менаџери се едни исти лица и не постојат две спротивставени страни. Ова се гледа од тоа што, и покрај немање развој на друштвата и профитабилност, нема промена на менаџерските структури.

Поради ваквите состојби на берзата нема зголемена понуда на акции преку нови емисии на акции што би го раздвижила пазарот и би ја променила сопственичката структура, што е многу важен момент при инвестирање на пазарот на капитал на домашните и на странските инвеститори.

Законската обврска за котирање на акционерските друштва не придонесе за заживување на пазарот на капитал затоа што повеќето од тие друштва се со решена сопственичка структура, односно имаат доминантни акционери и малку слободни акции за продажба, а со тоа и слаба побарувачка за нив.

Недоволната побарувачка на акции, од една страна, и отсуството на нови акционерски друштва на берзата со нови емисии на акции се ограничувачки фактор за досегашното работење и за развој на берзата, а доколку во овој правец продолжи и во наредниот период ќе нема позитивни промени на берзата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik